Галеника втора година по ред ги поддржа Здружението „Срце за децата заболени од рак“ и хуманитарниот настан ,,Ореа Арт Маркет“

Сараевo, 13 jуни 2022 – Галеника и годинава донираше парични средства за Здружението „Срце за децата заболени од рак“ во рамките на хуманитарниот  настан Ореа Арт Маркет, што неодамна се одржа во Сараево. Донираните средства се наменети за потребите на Родителската куќа, која функционира во рамките на ова Здружение, а во која се сместени родителите со болни деца.

Галеника веќе втора година по ред е спонзор на Ореа Арт Маркетот, единствениот саем на ракотворби со босанско-херцеговската етикета. Целиот приход од влезниците од оваа манифестација исто така се донираат во Здружението „Срце за децата заболени од рак“ и за потребите на Родителската куќа, а за оваа благородна акција и излагачите донираа 5% од продажбата на производите..

Галеника ја препозна важноста на овој настан на два начина. Од една страна како поддршка на малите бизнисмени и креативци од БиХ, а од друга страна е хуманитарниот карактер на настанот кој е особено важен за Галеника, бидејќи Галеника е компанија за која општествено одговорното работење е на врвот на работните приоритети.

На отворањето на Ореа Арт Maркетот на Галеника ѝ беше врачена благодарница од страна на Здружението „Срце за децата заболени од рак“ по повод донираните средства, која во име на компанијата ја прими Белма Брканиќ, Field Force Manager за БиХ и при тоа изјави: „Сакам да истакнам дека Галеника длабоко ја почитува посветената работа и мисија на Здружението ‘Срце за децата заболени од рак’, и сметаме дека давањето поддршка за ваквите проекти е исклучително важно за општеството во целина и за секој поединец. И годинава ги поддржавме со една симболична донација, а исто така ни претставува задоволство што втора година по ред сме дел од Ореа Арт Маркетот, бидејќи нашето мото „Посветени на луѓето, верни на здравјето“ преку ваквите проекти го добива своето целосно значење.“

Leave a reply