Добредојдовте во Галеника

Создавање дополнителни вредности за корисниците, професионалците, вработените и акционерите со поставување на највисоки стандарди во индустријата и примена на децениско искуство во обезбедување иновативни решенија во фармацевтскиот бизнис е наша мисија.

Фармацевтската компанија „Галеника“ е основана во 1945 година. По приватизацијата во ноември 2017 година, таа стана дел од NC Group (www.gruponc.net.br), една од најголемите фармацевтски компании во Латинска Америка. Галеника е производител на генерички лекови, диететски суплементи, медицински средства и производи за секојдневна употреба. Стратегијата на новиот сопственик е развој на Галеника како модерна и флексибилна компанија, фокусирана на истражување и развој, која постојано работи на подобрување на своите производи за подобрување на здравјето и квалитетот на животот, на задоволство на корисниците.

  • 78 години сме во служба на здравјето со препаратите и лековите кои најчесто живот значат.
  • Успешно работиме повеќе од половина век, на задоволство на нашите клиенти.
  • Mеѓународна компанија и регионален лидер во обезбедување на фармацевтски производи дизајнирани за подобрување на квалитетот на животот.
1-sun

ГОДИНИ
ПОСТОЕЊЕ

2-medicine

ГОДИШЕН КАПАЦИТЕТ ЗА
ПРОИЗВЕДЕНИ ПАКУВАЊА

78 години сме во служба на здравјето

Галеника во ноември 2017 година стана дел од NC Group, една од најголемите и најпрестижните фармацевтски компании на пазарот на Латинска Америка, позната и призната низ целиот свет. Како дел од NC Group, Галеника ќе продолжи да ги следи трендовите во развојот на новите технологии.

ИСТРАЖУВАЊЕ И РАЗВОЈ

Применувајќи ги најновите сознанија во фармацевтската технологија, развиваме и произведуваме квалитетни лекови кои се базираат на познати фармацевтски супстанции.

КВАЛИТЕТ

Ефективен систем за управување со квалитетот е во согласност со најдобрите практики и се спроведува во Галеника преку имплементација на GMP упатствата и ISO стандардите.

ГРИЖА ЗА ВРАБОТЕНИТЕ

Галеника посветува посебно внимание на создавање и развој на култура на здрава работна околина, вклучително и на сите вработени во овој процес и развој на одговорноста на секој вработен.