Добредојдовте во Галеника

Создавање дополнителни вредности за корисниците, професионалците, вработените и акционерите со поставување на највисоки стандарди во индустријата и примена на децениско искуство во обезбедување иновативни решенија во фармацевтскиот бизнис е наша мисија.

Фармацевтската компанија „Галеника“ е основана во 1945 година. По приватизацијата во ноември 2017 година, таа стана дел од NC Group (www.gruponc.net.br), една од најголемите фармацевтски компании во Латинска Америка. Галеника е производител на генерички лекови, диететски суплементи, медицински средства и производи за секојдневна употреба. Стратегијата на новиот сопственик е развој на Галеника како модерна и флексибилна компанија, фокусирана на истражување и развој, која постојано работи на подобрување на своите производи за подобрување на здравјето и квалитетот на животот, на задоволство на корисниците.

  • 77 години сме во служба на здравјето со препаратите и лековите кои најчесто живот значат.
  • Успешно работиме повеќе од половина век, на задоволство на нашите клиенти.
  • Mеѓународна компанија и регионален лидер во обезбедување на фармацевтски производи дизајнирани за подобрување на квалитетот на животот.

77 години сме во служба на здравјето

Галеника во ноември 2017 година стана дел од NC Group, една од најголемите и најпрестижните фармацевтски компании на пазарот на Латинска Америка, позната и призната низ целиот свет. Како дел од NC Group, Галеника ќе продолжи да ги следи трендовите во развојот на новите технологии.

ИСТРАЖУВАЊЕ И РАЗВОЈ

Применувајќи ги најновите сознанија во фармацевтската технологија, развиваме и произведуваме квалитетни лекови кои се базираат на познати фармацевтски супстанции.

КВАЛИТЕТ

Ефективен систем за управување со квалитетот е во согласност со најдобрите практики и се спроведува во Галеница преку имплементација на GMP упатствата и ISO стандардите.

ГРИЖА ЗА ВРАБОТЕНИТЕ

Галеника посветува посебно внимание на создавање и развој на култура на здрава работна околина, вклучително и на сите вработени во овој процес и развој на одговорноста на секој вработен.