Работна средина

Како еден од клучните фактори за успешно работење на компанијата, би сакале да посочиме на позитивното и стимулирачко опкружување. Ние се стремиме преку негување на еднаквоста, различноста и тимскиот дух да создадеме пријатна работна атмосфера за сите вработени. Стимулираме средина што е погодна за личен и професионален развој, постигнување на цели и препознавање на ставови во согласност со нашите вредности. На тој начин ги промовираме здравјето и квалитетот на животот и се грижиме за луѓето.

Eдукација на вработените

Грижата за вработените и нивната мотивација, усовршувањето и развојот на кариерата, претставуваат основи за индивидуален и компаниски напредок. Нашата амбиција е да изградиме долгорочен однос на доверба кој нашите вработени ќе ги охрабри да ги изразат своите квалитети и понатаму да ги развиваат своите вештини. Секторот човечки ресурси овозможува широк спектар на развојни можности за нашите вработени преку стручните и континуирани едукации. Фокусот е насочен кон унапредување на знаењето, вештините, способностите и професионалните перформанси на вработените, а со тоа и со работењето на целата компанија.

Апликација за работа

Пријавување за сите слободни работни места е можно преку е-пошта recruitment@galenika.rs.

Ние внимателно ќе ја разгледаме вашата апликација за работа и ќе ве вклучиме во нашите потенцијални вработени.