Псориjазата и псоријатичниот артритис покажуваат препознатливи микробиоми на кожата

Претходните студии кај луѓето и животните сугерираат дека микробите играат улога во патогенезата на псоријазата (AHPs). Дали преминот од псоријазата (AHPs) во псоријатичен артритис (PSA) е предизвикан од микробни активатори? Водени од оваа претпоставка, американски истражувачи направиле истражување на 74 пациенти (23 пациенти со AHPS, 31 со PsA, 20 здрави личности без историја на PSA или AHPs – контролна група). Сите пациенти биле на возраст над 18 години, а повеќе од 75% биле белци. Од кожата на горните и долните екстремитети на испитаниците беа земени 148 примероци, кои беа анализирани користејќи секвенцирање на 16S rRNA.

Разновидноста на микробиомот беше значително поголема кај здравата кожа, во споредба со псоријатичната кожа, со или без лезии. Нивоата на Cutibacterium и Kocuria бea значително поголеми кај здравата кожа во споредба со псоријатичната кожа, додека псоријатичната кожа покажа поголеми нивоа на Staphilococcus. He се забележани значајни микробиомски разлики помеѓу примероците на AHPs и PSA, со или без лезии. Микробиомот на кожата со AHPS без лезии е сличен на кожата со АНРs со лезии, а не на здравата кожа. Ова откритие сугерира на развој на микробна дисбиоза во псоријатичната кожа, независно од присуството на лезии. Нивоата на Corinebacterium во примероците на РѕА без лезии значително се зголемени во споредба со примероците на АНРs без лезии, што наведува на можната улога на микробите како биомаркери за прогресија на болеста.

Повеќе информации и референци можете да прочитате на следниот линк.

Најновите медицински информации на едно место – современи медицински практики, текстови од врвни експерти, новости од светот на медицината и уште многу изненадувања ве очекуваат во бесплатната верзија на Galenika Medical Journal на следниот линк.

Leave a reply