Може ли една доза на HPV вакцината да биде доволна?

Ракот на грлото на матката е четврти најчест тип на рак кај жените, кој во 2020 година усмртил околу 342.000 луѓе ширум светот. Нова студија покажува дека една доза од вакцината може да биде ефикасна како и вообичаените две или три дози, во запирањето на хуманиот папиломавирус (HPV), кој е одговорен за повеќето случаи на рак на грлото на матката.

Резултатите од студијата беа презентирани на крајот на април 2023 година за време на 35-тата Меѓународна конференција за папиломавирус во Вашингтон. Студијата беше спроведена како рандомизирано, мултицентрично, двојно слепо, контролирано испитување на примерок од 2.275 женски субјекти на возраст од 15 до 20 години во Кенија. Тие по случаен избор беа распоредени во три групи според карактеристиките на третманот: вакцина со единечна доза насочена кон два соја на HPV, вакцина за HPV со една доза насочена кон девет соеви или менингококна вакцина (контрола). Учесниците беа тестирани за HPV на секои 6 месеци, следење во текот на 3 години. Вакцината со два соја била ефикасна во 98% од случаите, а вакцината со девет соеви во 96% од случаите, објавија истражувачите.

Наодите од оваа студија би можеле да имаат значително влијание врз намалувањето на стапките на ракот на грлото на матката ширум светот, бидејќи една доза ќе го поедностави процесот на вакцинацијата, како и врз намалувањето на трошоците.

Повеќе информации и референци можете да прочитате на следниот линк.

Најновите медицински информации на едно место – современи медицински практики, текстови од врвни експерти, новости од светот на медицината и уште многу изненадувања ве очекуваат во бесплатната верзија на Galenika Medical Journal на следниот линк.

Leave a reply