Лесната достапностна брзата храна ја зголемува смртноста од карцином за 77%!

Заедниците со лесна достапност на брза храна имаат 77% поголеми шанси за поголемо ниво на смртност од карциноми предизвикани од гојазноста!! Ова се главните наоди на еколошката студија од пресек на примерок кај повеќе од 3.000 локални заедници, спроведена во периодот од 2010-2020 година во САД, чии резултати неодамна беа објавени.

Малигнитетите поврзани со гојазноста сочинуваат 40% од сите малигни заболувања во САД. Од друга страна, потрошувачката на здрава храна е модифициран фактор, бидејќи се покажа дека ја намалува смртноста од 13 видови на карциноми поврзани со гојазноста. Иако лесната достапност на здравата исхрана е поврзан со намален ризик од гојазност и намалена инциденца и смртност од карцином, пристапот до здравата исхрана останува предизвик. Особено за заедниците кои имаат помалку продавници и други опции за набавка на здрава храна (во пустините и мочуриштата), како и заедниците со лесно достапна брза храна.

Повеќе информации и референци можете да прочитате на следниот линк.

Најновите медицински информации на едно место – современи медицински практики, текстови од врвни експерти, новости од светот на медицината и уште многу изненадувања ве очекуваат во бесплатната верзија на Galenika Medical Journal на следниот линк.

Leave a reply