Активностите со умерен и повисок интезитет може да помогнат во заштита на мозокот од деменција

Отсуството на ефективни третмани за деменција ја нагласува важноста за водење на здрав начин на живот за да се ублажат факторите на ризик за деменција. Добро е познато дека физичката активност (PA) е обратно поврзана со ризикот од деменција. Сепак, само неколку студии дадоа основа „evidence-based” („заснована на докази”) за таков заклучок.

Водени од желбата да се документира оваа поврзаност, американските истражувачи спроведоа проспективна кохортна студија, чии резултати беа објавени на почетокот на 2023 година. Во примерок од 1.277 жени со просечна возраст од 82±6 години, со помош на акцелерометар во одреден период од 4,2 години во просек, беше измерен интензитетот на физичка активност (број и фреквенција на чекори во минута) и беше проценето нивото на когнитивно оштетување и ризикот од деменција.

Во текот на периодот на следење, беа идентификувани 267 случаи на благо когнитивно оштетување, односно деменција. Присуството и степенот на когнитивно оштетување може да се поврзат со интензитетот на физичката активност (број на чекори во минута пута време), повеќе отколку со вкупниот број на чекори во текот на денот. Оваа поврзаност е инверзна (обратно пропорционална) и високо статистички значајна. Седењето не беше поврзано со степенот на когнитивно оштетување.

Наодите сугерираат дека поголема фреквенција на физичка активност со умерен интензитет, особено брзо одење, може да биде поврзана со помала фреквенција на благо когнитивно оштетување, односно помал ризик од деменција. Кај постарите жени, можеби е потребна физичка активност со умерен интензитет за да се намали ризикот од когнитивно опаѓање.

Повеќе информации и референци можете да прочитате на следниот линк.

Најновите медицински информации на едно место – современи медицински практики, текстови од врвни експерти, новости од светот на медицината и уште многу изненадувања ве очекуваат во бесплатната верзија на Galenika Medical Journal на следниот линк.

Leave a reply