“Здраво Есен“: Галеника организира забава за деца за почетокот на есента во Градски парк, Скопје
Компанијата Галеника во сабота во Градски парк во Скопје од 12 часот организира забава за деца „Здраво Есен“. Два часа исполнети со забавни активности, музика и многу награди ве чекаат на Школка во парк за да го прославиме почетокот на есента.
За нашите најмлади, Галеника организира мини ликовна колонија каде дечињата ќе редат колажи или ќе го цртаат „Здравко – здрав како лав“, додека оние со спортски дух ги очекува ракометен гол, каде Здравко ќе се обиде да ги запре ударите со топка од младите ракометни таленти.
Македонскиот шампион во решавање Рубикова коцка Ѓорѓи Чешмеџиевски ќе ви открие тајни како полесно и побрзо да ги подредите боите на магичната коцка.
За оние кои сакаат да споделат убави фотографии и видеа на социјалните мрежи имаме специјални изненадувања.
За добро расположение од 12 часот стартуваме и со музичкиот избор на DJ Mats, кому ќе му се придружи и младиот пејач Пајак од Охрид.
Од 13 часот забавата ќе продолжи со Антониа Гиговска и нејзиниот бенд.
Ваша Галеника ве очекува да се дружиме и забавуваме. Посветени на луѓето, верни на здравјето!
Leave a reply