Нов ACC водич за дијагноза и третман на срцева амилоидоза

Американскиот колеџ за кардиологија (ACC) објави со консензус потвдено упатство за рано препознавање, дијагноза и третман на срцева амилоидоза што обезбедува најповолен исход за оваа болест. Амилоидоза на срцето е вид на рестриктивна кардиомиопатија (RCM) која се јавува кога амилоидните наслаги го заземаат местото на нормалниот срцев мускул. Голем дел од случаевите на амилоидна RCM се предизвикани од погрешно преклопување на било лесен синџир на моноклонален имуноглобулин (AL-CM) или транстиретин (ATTR-CM).


Срцевата амилоидоза е недоволно препознаена и често погрешно дијагностицирана причина за срцева слабост. Клиничкото препознавање и дијагнозата на срцевата амилоидоза во раната фаза на болеста е од клучно значење, бидејќи навремената дијагноза им обезбедува на пациентите најширок спектар на опции за лекување кои можат да имаат погодно влијание врз сочувување на животот и да спречат потенцијално неповратен губиток на физичката функција и квалитетот на животот. Овој документ потвден со консензус претставува дијагностичко-терапевтски алгоритам за сеопфатен третман на оваа болест и ја нагласува потребата од мултидисциплинарен пристап кон индивидуалната нега. Одобрен е од Американското здружение за невромускулна и електродијагностичка медицина, Американското здружение за срцева слабост, Американската академија за неврологија и Меѓународното здружение за амилоидоза.

Повеќе информации и референци можете да прочитате на следниот линк.

Најновите медицински информации на едно место – современи медицински практики, текстови од врвни експерти, новости од светот на медицината и уште многу изненадувања ве очекуваат во бесплатната верзија на Galenika Medical Journal на следниот линк.

Leave a reply