Галеника партнер на Скопскиот маратон – уште една успешна спортска приказна
Партнерството на вашата Галеника со најголемиот спортски и урбан настан во Скопје, Скопски Маратон, што годинава се одржа по 18-ти пат, го помогна учеството на над 8500 професионални и аматерски натпреварувачи од 47 држави.
Како сребрен спонзор, Галеника се вклучи со поддршка на настанот каде спортот е во фокусот, но патеките привлекуваат и бројни креативци кои со трчањето ја спојуваат и забавата.
Улиците, како и секогаш полни со граѓани кои масовно дадоа силна поддршка на учесниците, меѓу кои беа тркачите на тимот Галеника кои се вклучија во полумаратонската трка и онаа на 5 километри. Дружбата и возбудата да се биде дел од ова случување, дополнително беше збогатена со насмевките на сите наши учесници кога ја поминуваа целта. Одличен ден исполнет со силна мотивација и позитивна енергија.
Компанијата секогаш посветува големо внимание да промовира активности кои го поддржуваат спортувањето и усвојувањето на здрави животни навики. Ова е едно од случувањата во Скопје, кое видливо во последните години влијаеше врз локалната заедница да ги препознаат придобивките од рекреативното спортување, како и да почнат посериозно да се пробаат на спортските патеки низ Скопје.
Посветени на луѓето, верни на здравјето!
Leave a reply