Галеника а.д. како трговски субјект со стогодишна традиција на работење чија примарна цел е одговорно работење – како во финансиски така и во социјален аспект – долги години успешно спроведува соодветни мерки за заштита на животната средина и реализира цели што се во согласност со строгите барања на стандардот ISO 14001. Компанијата се стреми да го одржи веќе постигнатото највисокото ниво на заштита на животната средина, првенствено преку превентивни активности: минимизирање на создавањето отпад и континуирано подобрување на системот за управување со отпад.
Галеника а.д. континуирано одржува позитивен имиџ благодарение на достапноста на големиот број на информации до пошироката јавност, а со цел вклучување на граѓаните во процесот на донесување одлуки за прашањата кои се важни за одржување на квалитетот на нивното здравје.
Друг начин на кој Галеника а.д. покажува посветеност за подобрување на здравјето и квалитетот на животниот стандард се различните проекти од областа на заштитата на животната средина што компанијата ги спроведува и независно и во соработка со искусните партнери. Галеника а.д. поддржува разни социјални иницијативи чија цел е подобрување на здравјето и квалитетот на животот на граѓаните, како и зачувување на животната средина преку спроведување на бројни проекти, како и промовирање на здрав начин на живот.