Дали менувањето на стилот на животот има влијание на преживувањето кај карциномот на дојката?
Препораките поврзани со менување на животниот стил, кои придонесуваат за превенција од карциномот се веќе познати. Не е познато дали и до кој степен почитувањето на препораките за животниот стил може да биде поврзано со преживувањето на пациентите.
Во периодот од 2005-2010 година во Соединетите Американски Држави, беше спроведена мултицентрична студија од типот на проспективна, опсервациска кохортна студија за животниот стил, на примерок од 1.340 жени (средна возраст 51,3 ± 9,9 години) со хормонски зависен карцином на дојката, стадиум I-III, кои не биле подложени на хемотерапија. Кај испитаниците се разгледуваше физичката активност, индексот на телесната маса, консумирањето на овошје и зеленчук, внесување на црвеното и преработеното месо, конзумирање на засладени пијалоци со шеќер, конзумирање алкохол и пушење пред поставување на дијагнозата, за време на третманот и во период од 2 години по завршувањето со третманот. Исходот (појава на рецидиви, морталитет) беше следен во периодот од 7,7 години, во просек.
Резултатите покажуваат дека субјектите со најдобар индекс на животен стил имаат 37,0% помалку рецидиви (OR 0,63; 95% CI 0,48-0,82) и помала смртност за 58,0% (OR 0,42; 95% CI 0,30-0,59) во споредба со оние со најлош индекс на животен стил.
Повеќе информации и референци можете да прочитате на следниот линк.
Најновите медицински информации на едно место – современи медицински практики, текстови од врвни експерти, новости од светот на медицината и уште многу изненадувања ве очекуваат во бесплатната верзија на Galenika Medical Journal на следниот линк.
Leave a reply