Витамин D – дали оралното дополнување може да ја намали стапката насамоубиство?
Истражувањата покажуваат дека приближно третина од припадниците на војската на САД имаат серумски концентрации на главниот циркулирачки метаболит на витаминот D – калцидиол [25(OH)D], под 20 ng/mL. Недостатокот на витамин D е посебно чест кај мажите и кај луѓето со потемна кожа. Истовремено, кај активните војници и ветерани се забележани поголеми стапки на обиди за самоубиство, како и поголеми стапки на самоубиства, во споредба со општата популација.
Дали и на кој начин овие два наоди се поврзани и дали суплементацијата на витамин D може да биде корисна во таа смисла?
Резултатите од ретроспективната кохортна студија, изведена во САД во периодот од 2010 до 2018 година, ја потврдуваат поврзаноста на нивоата на серумскиот калцидиол со стапките на депресија, обидите за самоубиство и самоповредување помеѓу американските ветерани.
Оралната суплементација со витамин D допринесува за намалување на ризикот (45-48%), посебно кај ветераните со ниски нивоа на витамин D во серумот и кај луѓето со темна кожа.
Студијата исто така покажа дека поголемите дневни дози на витамин D обезбедуваат поголема заштита од ризикот за самоубиство и самоповредување од колку помалите дози, и дека се постигнува поголем ефект на суплементацијата кај испитуваниците со недостаток на витамин D, независно од тоа дали суплементацијата се врши со користење на витамин D2 – ергокалци- ферол (HR=0.512) или витамин D3 – холекалциферол (HR=0,552).
Повеќе информации и референци можете да прочитате на следниот линк.
Најновите медицински информации на едно место – современи медицински практики, текстови од врвни експерти, новости од светот на медицината и уште многу изненадувања ве очекуваат во бесплатната верзија на Galenika Medical Journal на следниот линк.
Leave a reply