Фармацевтскиот систем за квалитет стана неопходен елемент за зголемување на конкурентноста и опстанокот на организацијата на глобалниот пазар на лекови, додека спроведувањето на сите стандарди за квалитет е услов во целата организација. Ефективниот систем за управување со квалитет во согласност со најдобрата практика во Галеника се реализира преку имплементација на GMP упатствата и ISO стандардите.
Со години наназад Галеника постигнува значителни резултати во примена на барањата за добра производствена пракса, која се препознава како термин ширум светот во производството и контролата на квалитетот на фармацевтските производи. Во оваа област постигнавме највисоко ниво на квалитет и тоа го потврдивме со стекнување на ЕУ GMP сертификат за Фабриката со цврсти фармацевтски препарати 2017 година. Имаме и GMP сертификат на Руската Федерација за сите производи што се регистрирани во оваа земја.
Галеника денес е сопственик на GMP сертификати за сите производни погони на лекови издадени од Министерството за здравство на Србија. GMP усогласеноста со Контролата за квалитетот се потврдува и со проверка од страна на договорните партнери.
Нашите процеси на проектирање, производство, инсталација и сервисирање на производите во согласност со барањата на корисниците и законската регулатива се последица на имплементацијата и одржувањето на стандардот ISO 9001.
Со примена на HACCP системот заснован на анализа на ризик и превентивни мерки се обезбедува производство на високо квалитетни диететски производи. Во 2018 година успешно извршивме имплементација на новата верзија на стандардот ISO 9001:2015, како и ресертификација според новите барања од страна на телото за сертифицирање TÜV SÜD Management Service од Германија. Со тоа создадовме услови за подобрување на квалитетот на нашите производи, зголемување на задоволството на корисниците, мерење на перформанси на системот и понатамошно подобрување на процесите и имиџот на нашата компанија.