Безбедност и здравје на работата

Природата на работењето во фармацевтската индустрија бара висок степен на заштита на здравјето и безбедноста на работата, што е еден од приоритетите и предусловите за успех на Компанијата.

Галеника а.д. се стреми да ги следи, развива и применува современите пристапи при создавање услови за безбедна работа. Притоа, посветува особено внимание на создавањето и развојот на културата за здраво и безбедно работно опкружување, вклучувајќи ги во овој процес и сите вработени и развивајќи одговорност за секој вработен.

Здравјето, зачувувањето на работната способност и безбедните услови за работа се интегрирани во сите деловни процеси.

Aктивностите за преиспитување и подобрување на системот за управување со заштита на здравјето и безбедноста на работата ги спорведуваме во согласност со упатствата на  релевантните меѓународни стандарди, почитување на законските барања, препораките на европските и светските организации во врска со здравјето и безбедноста на работата, како и со стандардот за добри произведувачки практики.

Континуирано организираме

 

Eкстерни и интерни обуки на вработените за извршување на производни и други процеси.

 

Специјализирана набавка на работна облека како и набавка на опрема за лична заштита на вработените.

.

 

Oспособување на вработените за обезбедување на прва помош.

 

Периодични лекарски прегледи на вработените на работните места со зголемен ризик.

 

Соработка со Службата за медицина на трудот (преку здравствени прегледи и учество во изготвување на Акти за проценка на ризик).

 

Испитување на условите на работната средина, преглед и испитување на опремата за работа и средствата и опремата за лична заштита.