Слична атрофија на мозокот при гојазност и алцхајмерова болест

Прекомерната тежина во зрелоста е поврзана со дијабетес, хипертензија, дислипидемии,
но и со атрофија на мозокот и когнитивно опаѓање, односно со промени кои ја придружуваат Алцхајмеровата болест (AD). Познато е дека гојазноста претставува фактор на ризик за AD, но до денес не е спроведена ниту едно директна споредба на формите на атрофија на мозокот кај лица со гојазност без АD и кај оние со AD.

Во студијата што ја препорачуваме, извршена е споредба на MR и PET снимки на 1.300
учесници во истражувањето, оболени од Алцхајмерова болест и кај здрави, со различни
нивоа на исхрана. Резултатите на споредбата покажуваат впечатлива визуелна сличност на наоѓањата на атрофија на мозокот кај лица со прекумерна телесна тежина и оболени од AD, особено кога станува збор за разредување на сивата маса. Дали тогаш може да се
предпостави дека намалувањето на вишокот на тежина може да придонесе до подобрувањето на здравствените резултати, забавување на когнитивното опаѓање во староста и намалување на ризикот од AD?

Анализата на мапирањето на акумулација на бета-амилодиди или тау протеините во мозокот на лица со Алцхајмерова болест и лица со гојазност ги разочара очекувањата на истражувачите. Мапирањето на нагомилувањето на бета-амилодиди или тау протеините во мозокот на гојазните лица без Алцхајмерова болест не беа во корелација со мапите на лица со Алцхајмерова болест. Наспроти тоа, мапите на акумулирањето на бета-амилодиди или тау протеините кај лица со Алцхајмерова болест се корелираат, независно од степенот на гојазност. Ова покажува дека механизмите кои поддржуваат невродегенерацијата се поврзани со гојазноста и AD – специфични.

Повеќе информации и референци можете да прочитате на следниот линк.

Најновите медицински информации на едно место – современи медицински практики, текстови од врвни експерти, новости од светот на медицината и уште многу изненадувања ве очекуваат во бесплатната верзија на Galenika Medical Journal на следниот линк.

Leave a reply