Новинари од Босна и Херцеговина ги посетија погоните на Галеника во Белград

Белград, 26-28. мај 2022 – Галеника организираше дводневна студиска посета на новинари од БиХ во фабриката во Белград, каде новинарите имаа можност поблиску да се запознаат со работењето на компанијата. Новинарите ја посетија фабриката за производство на цврсти фармацевтски препарати, а имаа можност да разговараат и со генералниот директор на Галеника, Рикардо Виан Маркес (Ricardo Vian Marques), како и со извршниот директор за производство и квалитет Наташа Мамула, маркетинг менаџерите Бранко Анѓелковиќ и Јелена Стојановски и Милош Николиќ, директор на секторот за информациски технологии во Галеника.

По пречекот, групата новинари од БиХ поминаа низ производствените погони на фабриката за цврсти фармацевтски препарати, при што се запознаа со начинот на производство на таблети и во таа прилика можеа да ги видат високите стандарди на производните процеси кои се користат во Галеника. Галеника воведе систем за управување со квалитетот – QMS во согласност со барањата и стандардите, а кој опфаќа производство, испитување, складирање и дистрибуција на производи. На гостите им беа претставени сите сертификати и стандарди кои ги поседува компанијата, а исто така беа запознаени и со активностите и процесите кои се спроведуваат, сè до самата дистрибуција на производите. Посебно внимание беше посветено на организацијата на контрола на квалитетот, како и на процесот на обезбедување и одржување на високото ниво на квалитет на производите.

Покрај посетата на погоните за производство, новинарите имаа можност да дознаат и за најновите трендови во маркетингот на лековите, а во исто време беше претставен и новиот медицински научен часопис „Galenika Medical Journal“ кој го издава Aкадемијата за континуирана медицинска едукација со целосна поддршка на Галеника како генерален спонзор.

На присутните новинари поблиску им беше претставена и објаснета мобилната апликација Galix, која има за цел да го поддржи зајакнувањето на здравите навики на корисниците.

Leave a reply