Галеника е сребрен спонзор на годинешниот Скопскиот маратон

Ваша Галеника и годинава ќе трча заедно со вас на 18-от Скопски маратон што на 2 октомври ќе се одржи во Скопје. Компанијата ја препознава важноста од спортувањето и усвојувањето на здрави животни навики и затоа го поддржа настанот како сребрен партнер. Со тоа како корпоративно одговорна компанија придонесуваме за уште поуспешна организација на Маратонот, кој низ годините ги помина границите на спортско случување и прерасна во културно – урбан феномен што привлекува и млади и стари.

Скопскиот маратон е најмасовниот настан во целата држава на кој учествуваат маратонци од повеќе држави, како и голем број на рекреативни тркачи. Годинава трките се организираат за над 8000 љубители на трчањето и на здравиот живот, а особено се популарни и рекреативната трка од пет километри, како и онаа за посериозните учесници на полумаратонската трка од 21км, каде ќе ги видиме и учесниците од тимот Галеника.

Скопје е веќе позиционирано на меѓународната мапа на градови кои организираат атрактивни маратони, а за локална заедница придонесува да ги почувствува придобивките и од рекреативното спортување.

Посветени на луѓето, вени на здравјето и на Скопски маратон!

Leave a reply